Авион „Боинг 737“ на приватна авиокомпанија се урна денеска во близина на главниот град на Пакистан Исламабад.
Авионот во кој според едни информации имало 131, а според други 127 патници се урнал при слетување на меѓународниот аеродром „Беназир Буто“.
Во моментот на несреќата владееле лоши временски услови, имало силен ветер, а видливоста била намалена.
Пакистанските власти соопштија дека шансите некој да ја преживеал несреќата се речиси никакви.