Најмалку петмина функционери на Европската унија загинаа кога утрово се урна авион на Малта. Несреќата се случила во 7.20 часот при полетување од аеродромот во Луга, кога авионот одеднаш се навалил на десната страна и се струполил кон земјата. На аматерски снимки се гледаат остатоци од авионот како горат на земјата и црн чад.
Се верува дека нема преживеани. Авионот требало да лета кон Мисрата во Либија. Нема официјална потврда за националностите на жртвите. Сите полетувања и слетувања на меѓународниот аеродром во Луга се откажани. Летовите кон Малта се пренасочени кон аеродромите во Италија, на Сицилија.