Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со низа активности за уредување на јавното зеленило. Како што посочуваат од претпријатието временските услови, сончево и релативно топло време, поволно влијаат на вегетацијата, па оперативните служби се насочени кон уредување на јавното зеленило на многу локации во градот и приградските населби.
Се косат зелените површини, се кастрат гранки, се отстранува дива вегетација, потоа се отстранува ниска вегетација од тротоари и покрај патеките, велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Како локации каде што се спроведуваат активностите ги наведуваат ул. „Кузман Капидан“ до Плаошник, парк до црква „Света Софија“, шумски патеки во Стар Град, детски игралишта по „Туристичка“ и населба Видобишта.
Уредување на зелените површини е спроведно и во населби Лагадин, Даљан, с. Трпејца, плажа од Метропол до Лагадин, градски кеј и градски парк.
OhridNews