Екипи на ЈП Охридски Комуналец на терен на многу локации хортикултурно ги уредуваат зелените површини.

Како што посочуваа од претпријатието се косат тревниците, се садат нови дрвја во градскиот парк и  на ул.„7-ми Ноември”, се спроведуваат припремени активности за садење на трева на ул. „7-ми Ноември”, хортикултурно одржување кај црквата Св. Никола во Љубаништа и околу детското игралиште во с. Рача.

Пролетта е годишно време кога парковите зрачат со својата убавина и впечатливи бои. Природата се буди, семињата никнуваат, тревата ја добива онаа впечатлива зелена боја, цвеќињата цветаат во своето изобилство од бои, а дрвјата полека, но сигурно ја кројат својата крошна, посочуваат од претпријатието.

OhridNews