Чистење на бекатонските плочки, пополнување на оштетените дупки, отстранување на обраснатата трева, се дел од активностите кои ги превзема Ј.П.”Охридски Комуналец” за пролетно уредување на  тротоарите во центарот на Охрид.


Екипите на јавното препријатие веќе работат на уредување на тротоарите од улиците  “Македонски Просветители”, “Димитар Влахов” и “Партизанска”, но планирано е да бидат опфатени и други улици од централното градско подрачје.


-Покрај основните активности, се уредува  и просторот околу дрворедите, така што околу кореновиот дел  на дрвјата се поставува заштитна фолија, а потоа се покриваат со ситни камчиња. На овој начин покрај заштитната функција се става акцент и на визуелниот изглед на дрворедите.-информираат од “Комуналец”.


OhridNews