Јавното претпријатие „Нискоградба“, изведува низа градежни активности на неколку локации низ градот.  На улицата „Коста Абраш“ се врши нивелирање на калдрмата. Се поставува тампон подлога и се прередуваат камените коцки.

На улицата „Никола Карев“ кај Историски архив се поставува бекатон подлога на тротоарот, додека на ул. „Кузан Јосифоски – Питу“ се врши санација и нивелирање на шахтите од мрежата за одведување на отпадни води.

Од ЈП „Нискоградба“ информираат и дека се врши контрола и прочистување на пумпните станици „Канео“, „Мал плоштад“ и пумпната станица „Рача“.

OhridNews