Екипи на Јавното претпријатие “Охридски комуналец“, вршат раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар Туристичка”. Повеќегодишните растенија и декоративни грмушки се режат.
Екипа од ова претпријатие работи и на отстранување и сечење на гранките од дрва во дворот на касарната “Михаило Апостолски“ кои беа скршени и оштетени од снежните врнежи и го попречуваа слободното движење на пешаците на тротоарот на улица “Радојца Новичиќ“.
OhridNews