Екипа на ЈП “Охридски комуналец“ деновиве изврши санирање на дрвата во шумскиот дел од урбаната заедница „ Гоце Делчев“, населбата Бараки, при што се сечеа оштетените гранки.
Екипи на јавното претпријатие работеа и на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар Туристичка”.
OhridNews