Покрај секојдневното и тековно одржување на чистотата и уредноста во градските гробишта, екипите на ЈП „Градски гробишта“, во текот на вчерашниот ден со поголем интензитет  започнаа со чистење и уредување на муслиманскиот дел од гробиштата.

-Се работи на косење, метење и отстранување на отпадот, а започна и со пробивање, тампонирање и нанесување на слој од гребен асфалт на улицата која што се наоѓа на источната страна од муслиманскиот дел на гробиштата. Со овој зафат ќе се овозможи полесенодвижење и поголема пристапност кон овој дел на гробиштата. По завршувањето на источната, екипите ќе продолжат со рамнење, тампонирање и нанесување на гребен асфалт и на улицата на северозападната страна од муслиманските гробишта, со што од двете страни ќе се добие широка и проодна патека за непречено движење на граѓаните, информираат од ова јавно претпријатие.

Оттаму објаснуваат дека покрај нанесувањето на тампон и гребен асфалт и на двете страни од улиците ќе бидат поставени и коловозни ивичници. Овој зафат, се очекува да заврши до крајот на следната недела.

OhridNews