Во тек се градежни активности за изградба на фекална и атмосферска канализација на краци од улиците „Дејан Војвода” и „Македонски Просветители” со нови приклучоци за сите објекти.

Согласно проектот предвидено е да се изградат и нови тротоари со камени плочи, нови рабници и ќе се постави ново осветлување. После завршувањето на овие активности двете улици ќе се асфалтираат, информираат од Општина Охрид.

Посочуваат дека вкупната вредност на проектот изнесува околу 14 милиони денари.

OhridNews