Екипа на ЈП “Охридски комуналец“,  денеска, реализира активности за уредување на јавните површини во стариот дел од градот.

Се вршеше сечење на гранки и санирање на дрвата околу охридското Кале, од левата и десната страна на улицата “Св. Кирил и Методи“ која води од Горна Порта до месноста Дрвара.