Деновиве започна пролетното средување на Охрид. Се чистат улиците, се сечат  дрвата, се средуваат парковите. Екипата на Ј.П. Охридски Комуналец ја затекнавме на пауза на градскиот кеј. Вредните комуналци веќе ја имаа искосено тревата во парковите и заслужено одмораа.


почна уредувањето на парковите

Покрај парковите во центарот на градот се средуваат и зелените површини на булеварот „Туристичка“ и во другите делови на Охрид. Се засадуваат цвеќиња и нови дрвца. Големото средување  на Охрид се случува пред големиот верски празник Велигден и 1 Мај кога Охрид се очекува да го посетат поголем број туристи.


Охрид се подготвува за претстојните празници

Ohridnews