Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“, вчера ја завршија акцијата за уредување на дрворедот по улицата „7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика „Отекс“ до ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.
-Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори, лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранки, информираат од претпријатието.
Согласно програмата за јавно зеленило за 2015 година, следна планирана активност на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по на кејот „Македонија“.
OhridNews