Пред пролетната вегетација на зелените површини, екипите на „Паркови и зеленило” со голем број активности ги подготвуваат дрворедите и хортикултурните катчиња.
Се кројат крошните од дрворедите на „Туристичка“, дрворедот на пешачката патека од канал Студенчишта до Горица, а се спроведуваат и активности за тековно одржување на дрворедот по ул. „Македонски Просветители“. Се шишаат декоративните садници и грмушки, се врши окопување, прашање и кроење на парковските содржини и засадување на цветен расад, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Додаваат дека се засадуваат и нови садници во делот меѓу двете сообраќајни ленти ул. „Македонски Просветители“, а заради поголема безбедност во движењето на пешаците и возилата, се чистат и кратат гранки од дрвја во Стар Град.
OhridNews