Се уредува уште едно детско забавно катче во градот. Најмладите наскоро ќе можат да се забавуваат на новото детско игралиште во дворот на ОУ„Григор Прличев.“

Во моментот се работи на уредување на ново детско игралиште во ОУ „Григор Прличев“. Поставени се најсовремени реквизити и се поставува специјална гумирана подлога, која е во согласност со стандардите за безбедност, велат од општина Охрид.

 

Со цел да се подобрат условите за забава на најмладите, планирана е изградба на детско игралиште и во населбата „Црногорци“ во непосредна близина на новиот терен за баскет.

Инаку, веќе е завршено поставувањето на детското игралиште на пешачката патеката кон „Горица“ во непосредна близина на фитнес зоната. Вредноста на трите детски игралишта е 3.446.113 денари, а седствата се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.

Н.С.Ј.