Екипите на „Паркови и зеленило“ деновиве вршат уредување на просторот покрај патниот правец село Лескоец кон Скребатско Маало до село Скребатно. Ангажираните работници ги отстрануваат гранките од дрвјата и вегетацијата која го попречува нормалното движење на пешаците и возилата, а тревата се коси.

Се уредува и дворот од Историскиот архив на улицата „Никола Карев“, тревата и крошните од дрвата.

OhridNews