Во тек се активности за партерно уредување на чешмата која што се наоѓа на плоштадот во селото Лешани,во општина Дебрца. Изградена е настрешница од метална конструкција, а извршено е и санирање на оградата.

Од локалната самоуправа на општина Дебрца информираат дека ќе се постават и дрвени клупи, а ќе се поплочат и патеките со што ќе се добие ново уредено катче  наменето за одмор.

OhridNews