Во тек се градежни активности за уредување на коритото на реката „Грашница“. Се работи за потегот на сливот во Охридското Езеро во населбата „Воска“, информираат од Општина Охрид.
Беше извршено комплетно расчистување на теренот, извршено е бетонирање на подлогата и се врши поплочување на коритото со камени плочи. Вредноста на проектот е 3.088 000 денари, потенцираат.
Градежните активности, додаваат, ги реализира градежната фирма „Бокоп“ од Боровец.
OhridNews