Екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ со заедничка акција го уредуваат јавното зеленило во приградските населби. Акцијата се одвива оваа работна седмица, а ќе продолжи и во наредната . Тревните површини околу коловозите и другите јавни зелени површини се косат и се отстрануваат гранки и друга вегетација која го попречува нормалното одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. Изминативе два дена се уредуваше селото Лескоец, Горно Лакочереј, а во текот на денешниот ден Горно Лакочереј. Следуваат активностите во Косел и Велгошти.
Пред престојниот верски празник се расчистуваше и патот кој води до црквата „Свети Спас“ во Горно Лакочереј, како и просторот околу црквата.
OhridNews