Стручни екипи започнаа со сечење на старите дрва во дворот на катедралната црква Св. Софија, кои подолго време претставуваа опасност по минувачите и околните објекти, информираат надлежните служби.
Се работи за стари дрва од видот „павловниа“, на чие место ќе биде засадени нови и комплетно парковски ќе се уреди просторот.
Неколку пати во изминатите години доаѓаше до кршење на тешки гранки од старите дрвја, а при големите снежни врнежи оваа зима голема гранка се сруши на улицата „Коста Абраш“.
OhridNews
фото: Емил Јовановиќ