Eкипите на Секторот за паркови и зеленило при ЈП „Охридски Комуналец“ вчера започнаа со пролетно освежување на дрворедот од албиции покрај пешачката патека на „Кеј Македонија“. Се врши кастрење на гранки и санирање на дрворедот на потегот од градски плоштад до поранешен хотел „Палас“.
Исто така екипи на јавното претпријатие во текот на вчерашниот ден ги отстрануваа корењата од дрвјата во близина на музичкото училиште „Методи Патче“, каде што се гради новата пешачката патека.
OhridNews