Екипите на “Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за уредување на дрворедот на улицата „ 7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ „ Св.Наум Охридски”.
Постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвата, со цел нивно подобро оформување.
Од јавното претпријатие информираат дека оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 година на територијата на општина Охрид.
OhridNews