Градежната оператива  на јавното претпријатие „Градски Гробишта”, деновиве започна   градежни активности за поставување на гранитни и камени плочи на улица „Андон Дуков“ во населбата Кошишта.

Старите камења и гранитни плочи се санираат и се враќаат во првобитна положба. Се работи  на партерно  уредување  на простор во должина од околу 250 метри, а  активностите се очекува  да завршат за седум до десет дена.

Во изминатиот период, на оваа улица, се изврши реконструкција на водоводната мрежа, по што граѓаните упатија апел до локалната самоуправа по зафатите улицата што поскоро да се санира. Од локалната ветија дека санирањето ќе започне во текот на оваа седмица.

OhridNews