Во село Злести започна реализацијата на проектот за уредување на центарот и изградба на спортско игралиште.

Со проектот ќе се расчисти распаднатиот дел од селскиот дом, изгради тротоар во должина од 66 метри, а предвидена е и реконструкција на споменикот, изградба/асфалтирање на спортско игралиште, заградување со метална ограда, поставување столбови и рефлектори за осветлување, спортски реквизити/фудбалски стативи, кошеви, клупи, информира градоначалникот Зоран Ногачески.

Проектот се финансира со средства од Бирото за регионален развој, Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2024 година и буџетот на Општина Дебрца за 2024 година.

OhridNews