Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна со оплеменување на просторот во Горна Влашка Маала, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“.
Од претпријатието информираат дека е предвидено овој простор да добие целосно нов изглед. Во првата фаза просторот со специјална механизација се расчистува, теренот се израмнува, по што ќе следи и реализација на партерното решение со кое е предвидено поставување на бекатон подлога, фонтана, клупи , а ќе бидат засадени и украсни садници.
OhridNews