Домашните превозници оваа такса ја плаќаат при регистрација на тешките товарни возила во Република Македонија. Таа такса се уплатува за користење на делот од патната инфраструктурата на која не се наплаќа патарина во Република Македонија. Целта на оваа давачка, е одржување и реконструкција на патишта на кои не се наплаќа патарина и истата е приход на Агенцијата за државни патишта и се користи за таа намена. Странските превозници во своите матични држави при регистрација на возилата, исто така плаќаат давачки кои се користат за користење на делот од патната инфраструктура во сопствената држава. Додека на странските товарни возила може да им наплаќа само за користење на оние делови од патната инфраструктура кои имаат карактеристики на автопат, истото важи и за нашите превозници кога возат во странство – им се наплаќа само за користење на оној дел од патната инфраструктура кој има карактеристики на автопат, објаснуваат од Министерство за транспорт и врски.
Се укинува патната такса!
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com