Една жена со својот автомобил се удрила во аквариум со 1500 галони вода пред американскиот аеродром во Тампа, Флорида. Аквариумот со тропски рипки бил изложен во склоп на една уметничка програма.


Жената и 6-годишното дете кое седело крај неа се здрави и живи, но тропските рипки не ја имале таа среќа. Таа изгубила контрола над автомоибилот и удрила во аквариумот со солена вода. Околу 90 проценти од рибите настрадале во несреќата. Жената била обвинета за невнимателно возење.