Чуварот на мрежата на Ливерпул, Алисон Бекер се соочи со голема трагедија, откако неговиот татко Жозе Агостињо го загуби животот, давејќи се во реката Камаква во близина на Лаврас до Сул во Бразил.
Потрагата по Жозе Агостињо почнала веднаш штом неговите најблиски алармирале до надлежните служби. Телото било пронајдено, но без знаци на живот.
Бразилскиот голман и неговото семејство добиваат бројни пораки за поддршка од целиот свет. Жозе Агостињо почина на 57 години.
OhridNews