Момче на возраст од 24 години од Кичево се удавило вчера во водите на Охридското Езеро кај Горица.
Несреќата се случила околу 15 часот. Давеникот бил веднаш пренесен во општата болница во Охрид каде лекарите само ја констатирале смртта.
Ова е втор случај на давење во Охридското Езеро ова лето. Пред десетина дена кај Kанео се удави 45 годишен битолчанец.
OHRIDNEWS