Машко лице се удави денеска околу 13.30 часот во водите на Охридското Езеро, кај поранешен хотел „Магнус“ во населбата „Далјан“.

Од СВР Охрид информираа дека на местото на настанот е извршен увид, кој треба да ги утврди причините за трагедијата, а повеќе информации за случајот најавија за утре.

Неофицијално се работи за малдо момче од Куманово, кое се рекреирало на педалинка на која имало повеќе лица. Според очевидци во еден момент тоа се лизнало и паднало во вода и нејверојатно не знаело да плива.

Плажата не била обезбедена со спасувачи и не била безбедна за рекреација. На помош дошле спасувачите од соседните плажи, а давеникот го пронашол локален жител. Екипата на брза помош која пристигнала на местото се обидела да го реанимира, но безуспешно.

OhridNews