Вчера околу 17 часот во водите на Охридското Езеро кај Струга во близина на истекот на реката Црн Дрим е пронајдено и извадено безживотно машко тело. Од преземените мерки е утврдено дека се работи за лицето Љубе П, роден 1952 година во Струга каде што и живеел.

Телото на давеникот е пренесено во Медицинскиот центар во Струга  каде не биле констатирани траги на насилство односно било утврдено дека се работи за природна смрт настаната како последица на случен инфаркт.

На лице место, криминалистичко-технички увид извршиле  полициски службеници од Полициската станица Струга, Истражен судија и Основен јавен обвинител од Основниот суд во Струга. По наредба на Истражен судија, телото е предадено на семејството.

Се преземаат мерки за целосно документирање на овој настан.

ohridnews