Од страна на полициските службеници, преземени се мерки за утврдување на идентитетот на давеникот, при што констатирано е дека се работи за лицето Љупчо Ш. роден 1964 година во Скопје каде и живеел.
Истиот, во текот на вчерашниот ден со сопругата бил на плажата ,,Куба Либре,, каде околу 16 часот влегол во езерото на капење. Околу 19 часот во Езерската полиција од сопругата е пријавено неговото исчезнување по што полициските службеници започнале со пребарување на подрачјето за негово пронаоѓање. Потрагата се одвивала и во текот на ноќта но била отежната поради силниот ветер и високите бранови на езерото.
На лице место, направен е криминалистичко-технички увид од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид, патолог, истражен судија и заменик јавен обвинител од Основниот суд во Охрид.
извор СВР Охрид