Шенсаесет годишниот Риад С.  од с. Бузалково – велешко,во неделата попладне  се удави во водите на Охридското Езеро. Според првичните информации, несреќата се случила надвор од безбедната зона за капење на Машка плажа во центарот на Струга. Момчето, кое било непливач, се возело на педалинка заедно со неговиот татко, кој исто така не знаел да плива, при што, под засега непознати околности, паднало и се удавило. Веднаш биле алармирани спасителите, но и покрај нивните напори момчето се уште не е пронајдено.

На местото на настанот извршен е увид од страна на надлежните органи, а истрагата треба да утврди како се случила несреќата.

Летово ова е втор несреќен случај со  педалинка на Охридското Езеро. Претходниот  викенд на плажата Славија, исто така надвор од безбедносната зона се удави 21-годишно момче од Прилеп.

OhridNews