Еден кинески камионџија добил казна бидејќи се туширал и возел истовремено. Полицијата забележала дека од камионот тече вода. Мислејќи дека се работи за механички проблем му сигнализирале да застане покрај една бензинска пумпа. Кога го виделе потполно воден се шокирале.
Признал дека уживал во туширањето од една прскалка над главата. Неговата сопруга ги штитела инструментите со пластичен прекривач. Мажот се ладел бидејќи им се расипала климата. Полицијата го казнила и го предупредила дека ќе има големи проблеми ако повторно се тушира за време на возењето.