Екипи на СВР- Охрид заедно со месното население од селото Долно Татеши- струшко трагаат по дванаесетгодишно дете кое утринава паднало во селската река.

Настанот се случил околу 9 часот и 30 минути утринава, во месноста Сушица. При премин на запрежната кола, на која се наоѓале детето и неговата мајка, преку селската река, детето паднало и се изгубило во водите на реката.

Акцијата за спасување на малолетното дете е во тек и стручните екипи го пребаруваат теренот околу местото на кој се случил немилиот настан. 

OhridNews