Шеснаесет камиони најразличен отпад се подигнати во досегашниот тек  на акцијата за чистење на националниот парк Галичица.

Покрај екипи на јавното комуинално претпријатије, во акцијата се вклучи и ЈП „Македонија пат“ кое ќе го расчистува отпадот покрај магистралата кон Св. Наум, за што се подготвени околу 1000 вреќи за ѓубре.

Со акцијата која се одвива под мотото „ Нема место за отпадоци во природата“, ќе бидат опфатени 16 жешки еколошки точки од с. Рамне до Св. Наум, а целта е националниот парк да се исчисти од дивите депонии.

Ohridnews