Перито Морено, дел од јужното патагониско ледено поле, кој поради својата убавина привлекува туристи од целиот свет, а делува како брана на аргентинското езеро Лаго Аргентино, почнал да пука. Јакиот притисок на водата направил тунел кој го пробил глечерот.


Поради несекојдневниот настан на најпознатиот аргентински глечер нивото на водата во езерото ќе биде неколку метри поголемо од онаа во другиот дел од езерото. Експертите истакнуваат дека глечерот пука поради глобалното затоплување.