Германски научници на животни тестирале вакцина која пружа одреден степен на заштита од рак на мозокот.
Истражувачите од Националниот центар за рак во Хајделберг објаснуваат дека вакцината го поттикнува имунолошкиот систем на организмот да ги нападне абнормалните клетки.
Вакцината ја “зајакнува“ природната реакција воочена кај некои пациенти со рак на мозокот која резултира со делување на имунолошкиот систем против клетките на рак.
Научниците напоменуваат дека оваа природна реакција сама по себе не е доволна за борба против ракот.
Клиничките тестирања на новата вакцина ќе започнат следната година.
извор:metro-portal.hr