Откако по четириесет години се реконструира и на ново се асфалтира патот Елешец – Елшани, деновиве надлежните ги тампонираа и проширените банкини, инфоемираат елшанци.

-Со овој дополнителен проект, патиот доби нов лик, а и видлива и корисна проширеност со што и безбедноста ќе биде значително поголема.-велат жители на Елшани.

Тие додаваат дека се задоволни со реализација на овој значаен проект, но предупредуваат дека тампонирањето може да попушти пред првиот пороен дожд и затоа со поголемо внимание треба да се пријде кон цврстината на тампонот за да не дојде до несакани последици. Впрочем, времето е најдобриот инжинер кој во улога на супервизор ќе ќе покаже што е, а што не е квалитетно направено – велат елшанци.

Фото :Дим Дон