Поранешното момче на актерката Хали Бери, Габриел Обри, бил уапсен поради напад откако се истепал со моменталното момче на оскаровката во нејзиниот дом во Калифорнија, соопштила полицијата. Обри бил приведен и подоцна бил ослободен со кауција од 20 илјади долари. На суд ќе мора да се појави на 13 декември.
Обри во домот на Хали Бери пристигнал во четвртокот утрото, а полицијата била повикана неколку часа подоцна. Портпаролот на актерката и адвокатот на Обри не биле достапни за коментар. Обри и Бери водат жестока битка околу старателството над нивната ќерка Нала. Бери веќе извесно време се забавува со францускиот актер Оливие Мартинез, а оваа година и се вериле.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com