Попладнево делови од околината на Охрид ги зафати локално невреме проследено со пороен дожд, ветер и грмотевици.

Темните облаци најпрвин се истурија на планината Петрино и Галичица, а потоа и во Охрид. Врнежи го зафатија и струшко. Шансите да врне дожд во Охрид во наредните три часа се помеѓу 30 и 50 проценти.

Во Охрид вечерва се закажани повеќе концерти на отворено. На стадионот Билјанини извори настапува Здравко Чолиќ, на Античкиот театар во рамки на Охридско лето настапуваат Стефан Миленковиќ и Марко Хатлак со нивниот проект Танго компас. На плажите в долж ривиерата во тек се повеќе фестивали на кои настапуваат познати диџеи.

OhridNews