Бината на која американската пејачка требала да настапи на 19 јули се урнала во четвртокот на стадионот Велодром во Марсеј. Еден човек загинал, а шестмина биле повредени, од кои двајца се во критична состојба. Американските медиуми пренесуваат дека несреќата се случила откако бината паднала врз кранот кој се урнал врз работниците.
-Моите молитви одат кон сите повредени и нивните семејства, како и сочувство на сите кои ги потресе оваа вест – изјавила Мадона, чиј настап на Велодром е откажан.