Турчинот Султан Косен со своите неверојатни 246 сантиметри го држи светскиот рекорд за највисок човек на светот. Вчера во Истанбул, во склоп на случувањата кои ги организирале луѓето од Гинис, се запознал со најнискиот човек на светот, Хе Пингпинг кој е висок само 73 сантиметри.
Освен што ја има титулата за највисок човек, Косен има и најголеми раце и нозе на светот. Причина за неговата висина е туморот кој му бил изваден во 2008 година. Хе Пингпинг, пак, болува од една од најретките генетски болести која ја имаат само стотина луѓе на светот. Неговиот татко вели дека кога се родил целиот го собрал во неговата дланка на раката.