Денес во Лондон се сретнале еден турчин и еден непалец. Звучи потполно обично, се додека не ги видите. Тие двајца се Гинисови рекордери, со оглед на тоа што едниот ја носи титулата за највисок, а другиот за најнизок човек на светот. Турскиот фармер Султан Косен е висок 251 сантиметар, додека непалецот Чандра Бахадур Данги е висок само 54 сантиметри.
Тоа претставува разлика од неверојатни два метри. Оваа несекојдневна средба пред болницата „Свети Томас“ во Лондон денес ја забележале голем број фоторепортери, чии фотографии многу брзо го обиколиле светот. Повод за оваа необична дружба била прославата на годишнината на официјалниот „Ден на Гинисовите рекрди“.