Деновиве екипи на јавното комунално претпријатие започнаа акција за средување на парковите и другите зелени површини во централното градско подрачје.


се средува центарот

Се порабуваат тротоарите и се отстранува непотребното зеленило. Во парковите се засадува по неке дрвце или цвеќиња.Центарот на градот секојдневно се чисти од отпадоци, а се расчистува и брегот на Охридското Езеро од реси и други отпадоци.

Деновиве во Охрид престојуваат голем број туристи од соседните земји па впечатокот кој ќе го понесат барем за центарот на градот ќе биде повеќе од позитивен. Би било добро градот да е вака чист на целата територија.

ohridnews
фото: Васко Бујароски