Со одигрувањето на последната 26-та рунда завршија натпреварите и возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
26.коло кое не одлучуваше ништо понуди доста голови и атрактивен фудбал. Од претходно јасно беше дека Кораб ќе се искачи еден ранг погоре, а Воска, Могила и Баир Кркардаш ќе се преселат еден ранг подолу.
Охридскиот фудбал ќе остане најмалку со две екипи, бидејќи Охрид и Сатеска обезбедија опстанок. Победникот од плејофот во баражот во Општинска фудбалска лига допрва ќе се бори за место во третолигашката конкуренција.
Резултати: Фљамуртари – Преспа 2-0, Влазними – Охрид 4-1, Кравари – Кораб 1-5, Сатеска – Лирија 5-1, Велешта – Караорман
Табела: Кораб 58, Преспа 40, Фљамуртари 39, Караорман 38, Лирија 36, Влазними 35, Кравари 35, Велешта 32, Сатеска 29, Охрид 29, Октиси 29, Воска 26, Могила, Баир Кркардаш.
OhridNews