Со одигрувањето на последната 14-та рунда од есенската полусезона се спушти завесата во Супер лигата за 2015 година.
Ракометарите на Охрид најдобрата полусезона во клупската историја ја завршија со пораз од Пелистер кој нема многу да влијае на исходот на табелата.
На победа против фаворит се радуваа и ракометарите на Борец кои на домашен терен го совладаа Работнички.
Лидерот на табелата Металург потешко од очекувањата славеше над Радовиш, а бодови запишаа уште Прилеп и Пролет кои победија против Вардар Јуниор односно Металург 2.
Резултати : Пелистер – Охрид 30-26, Борец – Работнички 23-20, Металург 2 – Пролет 21-27, Прилеп – Вардар Ј 29-26, Радовиш – Металург 25-28.
Табела : Металург 42, Прилеп 30, Охрид 30, Работнички 27, Вардар Јуниор 18, Борец 16, Пелистер 15, Пролет 15, Радовиш 15, Металург 2 1.
Мх.П.