Викендов на терените од југо-западниот дел од Македонија ќе се одиграат последните натпревар од есенската полусезона во Третата фудбалска лига.
Водечката екипа на табелата Охрид Лихнидос во последната рунда од првата етапа во Третата МФЛ на домашен терен ќе ја пречека Лирија од Заграчани. Екипата на Лакочереј пред своите гледачи силите ќе ги одмери со Велешта, додека Сатеска гостува во Струга кај тимот на Караорман.
Охридските фудбалери во пресрет на 13-то коло имат 12 бодови предност во однос на Велешта и направија голем исчекор кон шампионската титула и пласман во Втората МФЛ.
Двојки 13.коло: Влазними – Црно Буки, Фљамуртари – Лирија Грнчари, Лакочереј – Велешта, Охрид Лихнидос – Лирија Заграчани, Преспа – Кравари, Новаци – Октиси, Караорман – Сатеска
Табела: Охрид 34, Велешта 22, Лирија Грнчари 21, Влазними 20, Црно Буки 20, Преспа 18, Лирија Заграчани 18, Караорман 17, Сатеска 17, Кравари 16, Октиси 15, Лакочереј 10, Новаци 9, Фљамуртари 7.
OhridNews