Во изминатава недела на сцената на “Долни Сарај“ охриѓани можеа да проследат настапи на 13 ансамбли од Австралија, Костарика, Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија и Македонија.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри помина во организација на Центарот за култура ” Григор Прличев” од Охрид, а под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.