Се зборува дека Енди и Лана Вацковски спремаат нешто ново, а според некои извори во прашање се дури три нови филмови. Првиот „Матрикс“ се појавил во 1999 година, за четири години подоцна да се појават уште два, а сега семејството Вацовски планира уште три продолженија, пишуваат филмските списанија.

И Кијану Ривс, кој го играл ликот на Нео во оригиналната триологија, претходно најавувал дека Енди и Лана имаат планови за продолжение на приказната. Тогаш во план биле само уште два филма, но изгледа дека сепак ќе се појави нова триологија. Според планот продолжението на приказната во кината би тербало да се појави во 2017 година, а дејството ќе се бави со тоа како Матрикс настанал, односно со настани пред првата триологија. Првите три филмови „Матрикс“ на благајните ширум светот заработиле 1,6 милијарди долари.